Штрајк на вработените во јавните болници во Атика

Од:

Вработените во јавните болници во грчката област Атика денеска на пет часа ќе прекинат со работа во знак на протест против проценката на нивната работа, која, како што тие тврдат, ќе води кон отпуштања, јави дописникот на МИА од Атина.

Тие нема да работат од 10 до 15 часот, а ќе одржат и митинг пред Министерството за здравство.

„Новиот систем на оценување е насочен кон приватизација и намалување на социјалните јавни добра и ја зголемува жртвата на тројката (натамошно намалување на платите, постојана мобилност, нови отпуштања“, соопшти Сегрчката федерација на вработени во државните болници, додавајќи дека ниту еден вработен не бил вклучен во процесот на оценување.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија