Австрискиот вицеканцелар и министер за надворешни работи Михаел Шпинделегер истакна денеска дека официјална Виена е уверена оти Србија треба да стане членка на Еврпската унија, а српскиот премиер Александар Вучиќ порача дека Србија нема да е откаже од патот кон Унијата и покрај тешкотиите, кои и претстојат.
– Сакаме да ја поддржиме Србија на тој пат. Знаеме дека задачата да се спроведат сите реформи во земјата, да се исполнат сите европски критериуми е тешка. Можете да сметате на нас, бидејќи сме уверени дека Србија треба да стане членка на ЕУ и сакаме секојдневно да и пружаме поддршка на тој пат, рече Шпинделегер по разговорот со Вучиќ.
Тој нагласи дека Австрија е задоволна поради тоа што Србија успешно се движи на патот кон ЕУ и оцени дека почетокот на преговорите отвара ново поглавје за Белград.
Според него Австрија е подготвена и натаму да им помага на Србија и на српските граѓани, кои се тешко погодени од поплавите.
Тој додаде дека ќе ги поттикне австриските компании да инвестираат во Србија.
Вучиќ изрази благодарност до Австрија и Шпинделегер за укажаната помош, потсетувајќи дека Австрија пружила голема помош во врска со поплавите.