„Шпигел“: Грција треба да банкротира

Од:

„ Банкротот е единственото решение за Грција, за да може земјата да одбележи раст и да направи нов почеток“, пишува  во електронското издание,  германското списание „Шпигел“.

Официјално се оди според планот. Во септември Тројката ќе се врати повторно во Атина, за да ја оцени грчката програма за буџетско штедење. Тогаш таа ќе треба да објави дали ќе може да биде одделена следната транша од спасувачкиот пакет од ЕУ и ММФ.

Во практика, пишува, речиси е неверојатно Грција да ги исплати тие 130 милијарди евра. А поневеројатно е дека парите, што и беа дадени на Грција, ќе ја спасат од банкрот, додава „Шпигел“.

„Грција нема потреба веќе ниту од повеќе време, ниту од повеќе пари. А и спонзорите, најмногу големите земји од еврозоната и ММФ, не можат да и дадат повеќе на земјата. Ако политиката на Меркел и останатите за Грција имала за цел да ја спаси Грција од банкрот, тогаш таа не успеала“, пишува „Шпигел“.

Дојде крајот на таа политика. Ниту ММФ, ниту европските партнери можат да достават повеќе помош за Грција, без да ја загубат довербата. Тоа значи дека Грција треба да банкротира, заклучува „Шпигел“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он