Шолц: Проширувањето кон Западен Балкан треба активно да се охрабрува

Од:

Не е доволно да се зборува за перспективата за проширување на ЕУ кон Западен Балкан, туку треба активно да се охрабрува, истакна денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Во своето обраќање на Минхенската безбедносна конференција, Шолц рече дека кога зборува за ЕУ, мисли и на земјите од Западен Балкан.

– Не е доволно да се зборува за перспективата за проширување на Унијата во тој регион како стратешка цел. Тоа мора активно да го поттикнуваме, нагласи германскиот канцелар.

Шолц посочи дека е потребна јасност за нивото на амбициите на ЕУ во однос на сопствената безбедност и европскиот суверенитет.

– Ние Европејците ќе ја задржиме нашата способност за дејствување, нашата автономија во одлучувањето, само ако ги обединиме нашите желби и способности во ЕУ, подвлече тој.

Според него, европскиот суверенитет значи да се остане „сила меѓу силите“.

За да се постигне тоа, треба волја да се дејствува како „сила меѓу силите“, да постојат заеднички стратешки цели и способност да се реализираат тие цели, нагласи германскиот канцелар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ