Шмит е оптимист за разговорите за Изборниот закон во БиХ

Од:

Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, изјави дека е оптимист и дека разговорите за изборните реформи во Неум се „на вистинскиот пат“.

„Како што кажав вчера, ќе биде прифатен Изборниот закон со кој сите се согласуваат, а кој вклучува рамномерна застапеност на сите конститутивни народи во државните институции, како и почитување на „другите“, беше соопштено денеска од ОХР.

Шмит им се заблагодари на американските и европските посредници во преговорите, Метју Палмер и Анџелина Ајхорст, за нивната посветеност за постигнување конечно решение.

„Ја ценам подготвеноста на сите вклучени да претстават нација која ги почитува различностите и демократските принципи во БиХ, додека ја зачувува европската перспектива за нејзините граѓани. Се надевам дека добри вести ќе дојдат од Неум за подобрување на Изборниот закон“, рече тој.

Преговорите меѓу партиите од Федерацијата БиХ, со посредство на меѓународни претставници, за измени на изборното законодавство почнаа во четвртокот вечерта во Неум.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Судот на БиХ побара распишување меѓународна потерница за Додик

Катерина Ѓуровски

Додик го игнорира Обвинителството, не се појави на распит за напад на уставниот поредок на БиХ

Катерина Ѓуровски

Страотен случај во Босна: Момче го убило пријателот, го сечел телото за да го сокрие во куфер

Катерина Ѓуровски

Полицијата во Брчко пронајде 31 дете во куќа, тројца уапсени за трговија со луѓе

Судот на БиХ денеска ќе ја изрече пресудата против Милорад Додик

Повик за голем митинг во Република Српска, пресудата за Додик пат кон распад на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ