Турските пилоти, кои над територијата на Сирија го соборија рускиот воен авион Су-24, вмешани се во обидот за воен удар, изјави заменик-премиерот Мехмет Шимшек.
– Сакам јасно да им предочам на руската јавност дека пилотите кои го соборија рускиот авион, вмешани се во обидот за пуч. Според тоа, се соочуваме со одреден таен план, посочи Шимшек на маргините на состанокот на министри за финансии на земјите-членки на Г-20 во Кина.
Тој додаде дека одлуката за соборување на рускиот воен авион „не била политичка“.