Шестмина повредени во пожар на Клиниката за психијатрија во Бања Лука

Од:

Шест лица се повредени во пожарот што рано утринава избувна на Клиниката за психијатрија во Бања Лука, потврдија од полициската управа.

Пожарот бил пријавен 40 минути по полноќ.

„Во полициската управа околу 00.40 часот е пријавено дека на улица „Мачванска“ во просториите на Клиниката за психијатрија УКЦ РС избувнал пожар. Пожарот бил локализиран од вработени и припадници на Противпожарната бригада на град Бања Лука. Шест лица се повредени на кои им е укажана лекарска помош во УКЦ РС“, велат од полицијата.

Извршена е истрага, а за се е известен и дежурниот обвинител на Бања Лука, кој нареди да се преземат сите неопходни мерки и дејствија за утврдување на околностите на пожарот.

Би можело да ве интересира

Двајца прилепчани се осомничени дека предизвикале пожар во Демир Хисар

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Еден загинат, 11 повредени во пожар во станбена зграда во Сеул

Пожар во Аеродром, повреден е газдата на станот и неговиот син

(ВИДЕО) Три жртви во страшна сообраќајка кај Бања Лука

А1он