Шестмина повредени при експолозија во фабрика за оружје во Црна Гора

Од:

Шест работници се повредени денеска при експлозија во фабриката за оружје „Тара“ во црногорскиот град Мојковац.

Како што јави интернет изданието на подгоричкиот весник „Побједа“, повредните работници се вон животна опасност.

Веднаш по инцидентот на местото пристигнале возила на службата за брза помош, како и на противпожарната единица, но немало потреба од интервенција на пожарникарите, бидејќи работниците сами го изгаснале огнот што избувнал по експлозијата.

Причините за експлозијата засега не се познати.

Во фанриката „Тара“ се произведуваат пиштоли, пушки, пиротехника, ракетни мотори и средства за специјални намени за потребите на полицијата и војската.

Би можело да ве интересира

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски