Судијата, Жан Клод Антонети кој претседава во истражната постапка во случајот со Воислав Шешељ во Хашкиот трибунал, побара од двете страни во рок од седум дена да се изјаснат за негово можно привремено пуштање на слобода, потврди претседателот на СРС, Немања Шаровиќ, пренесе „Б92“.
Тој објасни дека судијата Антонети ова барање го упатил со оглед на тоа што не се знае кога би можело да биде донесена пресудата, а лидерот на СРС се наоѓа во притвор веќе 11 години.
Според Шаровиќ ова е доказ дека во случајот со Шешељ, Хашкиот трибунал го прекрши правото на судење во разумен рок.
Е. Г.