Шефот на турската разузнавачка агенција Хакан Фидан еден од најблиските луѓе на претседателот Реџеп Таип Ердоган, поднесе оставка за да се кандидира за пратеник на парламентарните избори во јуни.
Фидан одигра клучна улога во напорите да се пресечат хакерските упади во доверливи комуникации на државата во корупциски скандал во кој беа вмешани блиски луѓе на Ердоган во минатата година.
Западни медиуми јавуваат дека ако биде избран можно е да стане министер за надворешни работи.