Сериозен дефект во снабдувањето со електична енергија утринава предизвика проблеми во повеќето големи турски градови, вклучувајќи ги главниот град Анкара и Истанбул, каде во прекин е сообраќајот со метрото и трамваите, соопштија француските медиуми, повикувајќи се на турските медиуми.
Според турската приватна телевизија НТВ, има дефекти во снабдувањето со струја во градовите Трабзон, во североисточна Турција, Ајдан во западна Турција, Одеса во северозападна Турција, Ерзурум во североисточна Турција, Анталија во јужна Турција, Измир во западна Турција и Бурса во северозападна Турција.
Во Истанбул и Анкара дефектот настанал околу 10.30 часот по локално време.
Засега нема никакво официјално објаснување за сериозната на дефектот.