Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во трговски центар во Белград

Од:

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора Мијановиќ денеска биле приведени по инцидент што се случил во еден трговски центар во Белград.

Според српските медиуми, инцидентот започнал во продавница, откако za обезбедувањето Исидора Мијановиќ била сомнителна и побарало да ги прегледа нејзините лични работи. На тоа, како што се наведува, се спротивставил Трифуновиќ, по што дошло до вербална расправија.

На местото била повикана полиција, која ги привела двајцата за да ги утврди сите околности на настанот.

По давањето изјави во полициската станица, Сергеј Трифуновиќ и Исидора Мијановиќ биле пуштени на слобода.

Засега нема официјални информации дали против нив ќе биде поведена прекршочна или кривична постапка, а случајот сè уште е предмет на полициска проверка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимен падот на хеликоптерот на ЕУФОР кај Брчко: Се вртеше во воздухот пред да се урне

Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, тројца загинати

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ

Бошњаците во австриски град сакаат да изградат џамија и културен центар, десницата се противи

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

Француски медиум: Милорад Додик планира патување во Вашингтон, ќе се сретне со лобистите ангажирани од РС

Предраг Петровиќ