Семејствата на загинатите во поплавите во Бугарија ќе добијат по 5.000 евра

Од:

Семејствата на 13-те загинатати лица во поплавите во Варна и Добрич ќе добијат еднократна парична помош во износ од по 10.000 лева (5.000 евра), соопшти денеска бугарскиот заменик-министер за труд и социјална политика Лазар Лазаров.

Тој информира и дека од Агенцијата за социјална помош ќе им биде исплатен надомест на лицата од поплавените подрачја кои ќе поднесат соодветната барања за отштета.

– До овој момент се поднесени и прифатени 519 барања за отпштета на настраданите од поплавите, нагласи Лазаров, додавајќи дека од нив 226 се од територијата на Варна, 266 од Добрич, 17 од Велико Трново и 10 од територијата на Стара Загора.

Според Лазаров, бројот на досега поднесените барања изнесува нешто над 50 проценти од прелиминарните проценки на надлежните служби.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?