Повеќе од 2.700 лекари секоја година заминуваат од Романија, а само околу 30 до 40 се враќаат повторно. Ултрамодерните болници речиси ќе станат музеи, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Лекарската комора во Романија, Василе Астарастоае.
– Од 2006 година сме сведоци на миграцијата на лекарите. За да ги задржиме, треба да им го вратиме достоинството. Годишно од земјава заминуваат над 2.700 лекари, а само 30 до 40 се враќаат назад. Напразно се градат ултрамодерни болници, опремени според највисоки стандарди, кога тие ќе станат музеи, истакна Астарастоае.
Според него, оваа година сепак е направен еден важен чекор, а тоа е дека лекарите се отстранети од категоријата државни службеници и сличните на неа.