Секој петти возач во Србија седнува пијан зад воланот

Од:

Секој петти возач во Србија седнува пијан зад воланот, пишува белградскиот весник „Политика“.

Во Србија се уште никој не е осуден на максималната казна затвор од 12 години за возење во пијана состојба и предизвикување на инцидентот со фатални последици, предвидена со законот, додава весникот.

Најмалку 54 илјади возачи годишно седнуваат зад воланот под дејство на алкохол, покажува статистиката на Министерството за внатрешни работи.

Речиси половина од нив имаат од 0,5 до 1,2 промили алкохол во крвта, додека цели 20 отсто седнуваат зад воланот во состојба на силно пијанство.

– Дека и претставничките на понежниот пол не се имуни на алкохолот говори и фактот, дека пред две години атрактивната пејачка Ана Николиќ беше фатена зад воланот на својот мерцедес со 2,4 промили алкохол во крвта, додава „Политика“.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда