Седум лица во Бугарија обвинети за пропагирање на идеологијата на ИД

Од:

Бугарското Јавно обвинителство покрена обвиненија против седум лица за пропагирање на „антидемократската идеологија на Исламската држава“, соопшти денеска заменикот јавен обвинител на Бугарија, Борислав Сарафов.

Според Обвинителството, како што јави БТА, тие биле дел од организирана криминална група, предводена од имамот на џамијата во Пазарџик, Ахмед Муса Ахмед. Тие исто така се обвинети и за пропагирање на света војна.

Првиот човек на бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС), Владимир Писанчев изјави дека упасените не се ќелија на групата Исламската држава, но дека лесно можеле да станат.

Тој информира дека ДАНС забележала почетоци на обиди за регрутирање на борци за ИД и повици на џихад.

Бугарските безбедносни сили вчера спроведоа рација на повеќе локации во југоисточна Бугарија, вклучително и во една џамија. Цел на полициската операција беа приврзаници на ИД. Бугарската државна телевизија емитуваше снимка на која се гледа како полицијата го приведува Ахмед Муса Ахмед, имамот на џамијата во Пазарџик, кој во повеќе наврати е обвинуван за ширење на радикалната идеологија.

Бугарскиот главен јавен обвинител Сотир Цацаров изјави дека вчерашната акција била планирана за во декември, но дека сепак морало веднаш да се дејствува, поради протекувањето на информации кои биле ставени на увид на јавноста.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална