Седницата на СБ на ОН за Косово одложена за следниот месец

Од:

Седницата на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Косово, која требаше да се одржи в петок на 22 февруари, е одложена за следниот месец, јави Танјуг, повикувајќи се на извори во светската организација.

Датумот на новата седница се уште не е познат, а одлуката ќе ја донесе руската делегација, која го презема претседавањето, во консултација со останатите членки на Советот за безбедност.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во својот редовен тримесечен извештај за Косово истакна дека во претходниот период е постигнат „значаен чекор напред“ во подигнувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина на повисоко политичко ниво, но косовските власти ги повика одлучно да реагираат на изразувањето нетрпеливост, како со инцидентот за време на православниот Божик.

– Им честитам на лидерите на двете страни бидејќи се впуштија во овој предизвикувачки, но важен политички процес, со цел да се решат најтешките прашања кои го спречуваат напредокот во нивните односи, нагласил Бан Ки-мун во извештајот за периодот од 16 октомври до 15 јануари.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина