Се знаат имињата на напаѓачите на автобусот во Бургас

Од:

На двајца осомничени за бомбашкиот напад врз автобусот во Бургас, во кој загинаа пет израелски туристи и бугарскиот возач, им се знаат имињата, а се знае и дека живеат во Либан, изјави официјален претставник на бугарската безбедност.

Во терористичкиот напад на аеродромот во Бургас, кој се случи на 18-ти Јули минатата година, загинаа израелски патници додека се качувале во автобусот. Освен нив и возачот на автобусот, загина и човекот за кој се смета дека ја предизвикал експлозија.

За нападот, покрај него, осомничени се уште двајца мажи, а бугарските истражители, како што е соопштено вчера во Софија, имаат “добро втемелени причини” да веруваат дека тие двајца, му припаѓаат на милитантното крило на исламистичката организација Хезболах, и дека со години живеат во Либан, при што еден поседува Австралиски, а другиот канадски пасош.

Шефот на бугарската анти-терористичка единица Станимир Флоров изјави денеска дека имињата на осомничените им се познати на властите, дека двајцата се во Либан.

– Ги замоливме либанските власти да ни помогнат во истрагата, рече Флоров, не прецизирајќи, каков вид на помош е побарана.

Меѓутоа, додаде тој, идентитетот на загинатиот бомбаш останува непознат, иако примероци на неговата ДНК беа испратени до разузнавачките агенции на различни земји. Според зборовите на Флоров, ДНК на човекот не одговара на ниеден ДНК примерок во базите на податоци на тие земји.

Бомбата по се изгледа требало да експлодира по тргнувањето на автобусот, но “терористите очигледно погрешиле.” Коментарот на Флоров го потврди и директорот на Европол, Роб Вејнтајт кој изјави за Асошиетед прес (АП), дека загинатиот бомбаш не планирал да умре.

Експертите на Европол утврдија дека бомбата била активирана од далечина, додаде Вејнрајт, а според зборовите на Флоров, ако експлозија се случела за време на возењето, загинати во автобусот ќе имало многу повеќе и повеќето докази ќе биле уништени.

– Во тој случај, истрагата би започнала од нула, рече Флоров.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме