Се зголемува бројот на загинати од потонатиот брод кај грчкиот остров Евија

Од:

Телата на 11 мажи, шест жени и пет деца, односно на вкупно 22 лица досега се пронајдени и извлечени во близина на грчкиот остров Евија во спасувачката акција на крајбрежната служба на Грција, откако во вторникот потона едрилица со мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба соопштија дека во операцијата за потрага и спасување што започна во раните утрински часови на 1 ноември, спасени се вкупно 12 мажи, а извлечени се 22 тела.

Според тврдењата на спасените на едрилицата имало 68 мигранти, што значи дека 34 лица сè уште се исчезнати.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски