Се вжештува судирот на турскиот премиeр и војската

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го продолжи судирот со војската и презема се поголема моќ во државата во која до неодамна имаше важна политичка улога.

Стотици воени офицери и генерали се фрлени во затворите под обвинение дека ковале завера и планирале уривање на неговата власт. Ердоган кој е десет години на власт, се повеќе се соочува со критики дури и од сопствените редови, дека со овие потези настојува да го угуши секуларниот карактер на Турција.

Судењето за 325 офицери заврши овој петок после процесот кој траеше 21 месец. Изречени им се затворски казни од 6 до 20 години затвор поради наводната завера од пред 10 години, кога исламистичката партија на Ердоган за прв пат со мнозинство гласови ја освои власта.

По пресудите од овој петок, стотици излегоа на плоштадот Таксим, во центарот на Истанбул, за да протестираат против се поголемата репресија која ја спроведува Ердоган.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски