Сите пет воени бродови, кои испловија за време на синоќешниот обид за воен удар во Турција се вратија во военото пристаниште Голчук во североисточна Турција, но се уште не се знае ништо за командатот на морнарицата, јави Анадолија.
Во поморската база се вратија пет фрегати и една корвета. Во извештајот се наведува дека не е познато дали командатот на морнаричката флота адмиралот Вејсел Коселе, за кого не се знае каде е, бил на еден од тие бродови.
Грчки воени извори објавија претходно денеска дека турска група, која се против на Владата во Анкара, ја презела контролата врз фрегата во турската поморска база Голчук. Светските агенции јавија дека е киднапиран и командант на турската флота, кого киднаперите го држат како заложник.