Се водат преговори за ослободување на киднапираниот обвинител во Истанбул

Од:

Се водат преговори со две лица кои го киднапираа обвинителот Мехмет Селим Кираз во суд во Истанбул, изјави шефот на полицијата во Истанбул Селјами Алтинок.

Членови на турската левичарска група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување, денеска го зедоа како заложник Кираз кој е обвинител за делото за убиството на тинејџерот Беркин Елван при протестите во паркот Гези во 2013 година.

– Правиме напори да нема жртви при решавањето на кризата, изјави Алтинок за НТВ.

Членовите на Револуционерната партија се заканија дека ќе го убијат Кираз ако турските власти не исполнат нивни барања. Таа група е пргласена за терористичка од Турција, ЕУ и САД откако презеде одговорност за убиства и бомбашки напади во Турција во 70-те години од минатиот век.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ