Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Од:

Грчкиот борбен авион „Ф-16 блок 52“ денеска се урна во близина на островот Псатура во централниот дел на Егејското Море, а пилотот е спасен.

Пилотот успеал да го активира системот за исфрлање и паднал со падобран во морето.

Генералштабот на воздухопловните сили потврди дека едноседниот авион од базата за борбени авиони во Лариса, во централна Грција, полетал на тренинг лет во формација со други авиони и се урнал пред пладне.

Во акцијата за пребарување и спасување учествуваа хеликоптерот на воздухопловните сили „Супер Пума“, хеликоптерот С-70 на морнарицата и противпожарниот авион ЦЛ-415 додека не беше пронајден и издигнат од морето час и половина подоцна. Во подготвеност беа фрегатата „Егеј“ и воено-транспортниот авион „Ц-130“.

Би можело да ве интересира

Украински дрон собори два руски борбени авиони Су-30

Горан Наумовски

ГУР: Украина собори Су-30 со ракета испукана од беспилотно летало

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Јеменските Хути тврдат дека собориле американски борбен авион Ф-18 при напад врз носачот на авиони УСС Хари Труман