Се уриваат српски споменици на Косово

Од:

Организацијата на ветераните на ОВК во Витина, денеска спроведе акција на уривање на споменикот на паднатите борци од НОВ, што се наоѓаше во центарот на Витина од крајот на Втората светска војна.

При уривањето на споменикот биле собрани голем број ветерани од ОВК, како и граѓани, а полицијата, и покрај присутвото, не можеше да го спречи овој чин.

-Со ова ја потсетуваме Владата на Србија дека ние сме господари на нашите територии и оти и ние можеме да го урнеме секој споменик од нивната историја, изјави Милаим Абази претседател на организацијата на ветераните од Витина.

Косовската полиција го заплени булдожерот со кој беше урнат споменикот и тој е однесен во дворот на полициската станица, каде што се насобраа голем број граѓани и ветерани.

Во меѓувреме, Сенационалното собрание на албанските локални самоуправи, кое го сочинуваат претставнци на локалните власти од Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Прешевската Долина, во својата остра реакција за отстранувањето на споменикот на ОВПМБ, наведува дека покрена иницијатива за изградба на нов споменик на ОВПМБ, чија изградба ќе ја финансираат самите тие.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина