Се смирува состојбата во Косово

Од:

Државниот секретар во Министерството за Косово и Метохија Оливер Ивановиќ денеска изјави дека се смирува состојбата во Северно Косово, бидејќи синоќа е заменет контингентот на КФОР, кој ги отстрани српските барикади во селото Рударе, кај Звечан.

Ивановиќ, во изјава за српската национална телевизија РТС, оценува дека со отстранувањето на српските барикади проблемот нема да биде решен, бидејќи како што вели, на секоја отстранета барикада, србите можат да постават по две нови што досега се покажало како правило.

Затоа, вели Ивановиќ, поставувањето на барикадите било само од одбранбена причина, а кратењето на слободата на движење, за меѓународните мисии ќе значело намалување на можноста да бидат изненадени од евентуален напад на косовските специјални едниници.

„Би било добро КФОР да сфати дека ова прашање не може да се реши со сила, па дури ни со силата на КФОР, туку решението мора да им се препушти на политичарите кога за тоа ќе дојде време“, вели секретарот.

Ивановиќ кажа дека треба да се почека формирањето на новата Влада на Србија, за преговорите Белград-Приштина да продолжат, бидејќи, според него има можност да се најде некое одржливо решение.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија