Се самозапали штрајкувач во Албанија

Од:

Во Тирана денеска напладне се запали уште еден поранешен политички затвореник, кој заедно со своите другари штрајкува со глад 18 дена.

47-годишниот Илиријак Беко се полил со бензин, а потоа се запалил, но неговите другари го спасиле. Сепак, тој поради големите повреди е итно бил пренесен  во болницата во Тирана .

Беко е вториот политички затвореник кој се самозапали,  бидејки пред два дена се самозапали  Ѓерѓ Ндеца ( 53), кој исто така е на лекување.

Вкупно 19 поранешни политички затвореници  во системот на Енвер Хоџа штрајкуваат со глад барајќи владата на Сали Бериша да им го исплати целосно  штетите за изминатите години во затвор.

Претставник на Министерството за финансии изјави дека сите политички затвореници од времето на системот на Енвер Хоџа имаа добиено прва рата, а некои и втората рата од обештетување. Тој штрајкот со глад го оцени како политички

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски