Се бара апсење на Тачи во Приштина

Од:

Во Приштина осамнаа летоци со „налог за апсење“ на косовскиот премиер Хашим Тачи, заменикот премиер Мимоза Лјилја и двајца министри.

Летоците се поставени на сите видливи места и во нив пишува дека полицијата добила налог за апсење на премиерот и тројца негови соработници затоа што “постои основано сомнение дека делувале спротивно на интересите на Косово“.

Обвинети се за уништување на економијата со продажбата на фирмите како што се Пошта и Телоком на Косово, Дистрибуцијата и намерата да ја ликвидираат „Трепча“.

Иако никој нема преземено одговорност за овие летоци, се претпоставува дека зад нив стои движењето „Самоопределување“ од каде и порано имаше слични акции.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски