Според прогнозите на Републичкиот хидрометеоролошки завод, нивото на реката Сава во Белград, до вторник ќе се зголеми за уште еден метар.
Се проценува дека во недела нивото на Сава ќе ја премине границата на редовната одбрана од поплавите и ќе достигне 505 сантиметери.
Сепак најголем водостој на реката се очекува во понеделник и вторник, кога нивото на водата ќе достигне од 525 до 535 сантиметри. Границата на вонредна одбрана од поплави на оваа река изнесува 600 сантиметри.
Е.Г.