Самарас и честита на грчката фудбалска репрезентација за настапот на Мундијалот во Бразил

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас и честита на грчката фудбалска репрезентација по синоќешниот натпревар во кој загуби од Коста Рика на Светското првенство во Бразил и вети дека Владата ќе изгради нов центар за тренинг на тимот.

– Сите Грци се горди на нашиот национален тим. Честитки за сите момчиња, рече Самарас во кратка порака откако Грција загуби од Коста Рика на пенали. Пред почетокот на натпреварот, играчите на Грција му напишаа писмо на Самарас во кое го информираа дека се подготвени да се откажат од бонусите што ги заработиле на мундијалот, со цел со тие пари да се изгради нов центар за тренинг на репрезентацијата.

„Не сакаме дополнителни бонуси, или пари, ние само играме за Грција и нејзиниот народ. Се што сакаме е да ги поддржите нашите напори да се најде локација и да си изгради спортски центар кој ќе биде дом за нашиот национален тим“, се вели во пораката од грчките фудбалери.

Грчката фудбалска репрезенатија во моментов тренира во центар во Агиос Космас во јужна Атина. Тоа е објект од Олимписките игри во 2004 и го употребуваат и други спортски тимови.

Заменик-министерот за култура, Јанис Андрианос, кој е одговорен за спортски прашања, рече дека Владата ќе се обиде да ја исполни желбата на играчите.

– Позитивниот одговор на премиерот на ова барање е гаранција дека државата ќе ги вложи сите можни напори со цел националните тимови да имаат неопходна инфраструктура, за да може да се подобри успехот од оваа година и наскоро да прославиме нови успеси, рече тој. Според Андрианос, настапот на Грција на Светското првенство во Бразил е „за почит и целосно успешен“.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот