Сали Бериша поднесе оставката на премиерската функција

Од:

Албанскиот премиер Сали Бериша попладнево му ја достави својата оставка на претседателот на Албанија, Бујар Нишани.

Со овој чин, како што јави дописникот на МИА, за избор на новата влада на Еди Рама, чија коалиција победи на изборите на 23 јуни.

Бериша, кој во изминатите осум години беше на чело на албанската Влада, сепак ќе остане на функцијата се до изборот на новиот владин Кабинет од страна на Парламентот.

На изборите Бериша беше избран за пратеник и како највозрасен требаше да раководи со денешната конституивна седница на Парламентот. Но, тој го одби тоа, па со седницата ќе раководи социјалистот Намик Докле.

На денешната конситуивна седница по верификацјата на мандатите, треба да бидат избрани претседател и потпретседатели на Парламентот. Врз основа на договорот на победничката коалиција, спикер ќе биде Илир Мета, лидер на Социјалистичкото движење за интеграција (МСИ).

По конституирањето на Парламентот владејачкото мнозинство треба да достави предлог до претседателот Нишани за манадатар. Тоа ќе биде лидерот на социјалистите Еди Рама, кој составот на неговиот Кабинет и програмата ќе ги претстави пред Парламентот.

Изборот на Владата најверојатно ќе биде на 12 септември, по што новиот владин Кабинет ќе положи заклетва пред претседателот Нишани.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски