Синоќа на плоштадот „Мајка Тереза“ во Тирана со голем митинг, албанската владејачка партија официјално ја започна изборната кампања за парламентарните избори закажани за 23 јуни.
На митингот присуствувале десетици илјади граѓани меѓу кои членови и симпатизери на изборната коалиција „Алијанса за работа, благосостојба и интеграција“ која ја сочинуваат 25 партии, меѓу нив и Македонска алијанса за европска интеграција.
Носителот на листата за Tирана и партиски лидер во своето обраќање истакна дека неговите пратеници ќе бидат во служба на народот, но го искритикува неговиот политички опонент Рама оти тој бил главниот виновник за стопирањето на влезот на земјата во Европската Унија.