САД: Приштина сама ќе одлучи за автономија

Од:

Претставничката на Стејт департменот, Викторија Нуланд, доцна синоќа изјави дека Приштина сама треба да воспостави облик на автономија, но и дека Белград треба јасно да каже дека е време да се реши тоа прашање.

-Ние сакаме да видиме мирно решение за тие прашања кои ќе им овозможат на Косово и на Србија да напредуваат, кон европскиот пат-изјави Нуланд на конференцијата за медиумите.

Според неа, високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон работи со двете страни на прашањата за паралелните српски структури, признавање и нормализација на односите.

-Очигледно е дека Косово треба да реши како ќе го воспостави обликот на автономија за Србите на север на покраината – нагласи Нуланд.

На прашањето дали и Белград има улога во решавање на прашањето за положбата на Србите на Косово, таа истакна дека Вашингтон смета дека Србија треба јасно да им каже на своите граѓани, етнички Срби, дека е време тие прашања да се решат.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина