САД на Додик двапати му воведе санкции, тој вели дека не знаат што зборуваат

Од:

Американската амбасада во Сараево повторно одговори на изјавите на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со појаснување дека САД двапати му вовеле санкции, за поткопување на Дејтон и трупање богатство преку поткуп.

Американската амбасада прецизираше дека Додик на 5 јануари годинава бил санкциониран поради, како што наведуваат, поткопување на институциите на БиХ бидејќи иницирал создавање на паралелни институции во Република Српска.

„Овие активности ја загрозија стабилноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ и го поткопаа Дејтонскиот мировен договор. Санкциите се засноваат и на тоа што ја искористил неговата службена положба за акумулирање на лично богатство преку мито и други форми на корупција“, се вели во соопштението на американската амбасада за порталот Аваз со седиште во Сараево.

Додик претходно на 17 јануари 2017 година беше санкциониран од САД поради спротивставување на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, кој, како што велат, активно го попречувал Дејтонскиот договор.

Би можело да ве интересира

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Додик: Вучиќ ќе победи за суверенитетот на Србија

Горан Наумовски

Додик: Овој ден нека биде одбележан во мир и достоинство

Додик го повика на физичка пресметка, американскиот амбасадор возврати: Подло и заостанато

Предраг Петровиќ