САД ја поздравија новата албанска Влада на премиерот Еди Рама, истакнувајќи го изборот на поголем број жени на министерски функции, пишуваат албанските весници.
Во соопштението на американската Амбасада во Тирана се наведува дека Вашингтон очекува со задоволство да соработува со новиот министерски совет, имајќи во предвид дека голем број од членовите на Кабинетот добиле професионално и образовно искуство во САД.
Учеството на жени министри во Владата е позитивен чекор за поголема полова еднаквост во политичкото раководство на Албанија и американската амбасада во Тирана очекува да соработува со голем број членови, кои имаат професионални и образовни квалификации стекнати во САД, за спроведување на прореформската програма и остварување на целите на
Албанија за поголема евроатлантска интеграција, се вели во соопштението на американската амбасада.