САД и Грција преговараат за стационирање беспилотни летала на грчка територија

Од:

САД и Грција водат тајни преговори, што се наоѓаат во понапредна фаза, за стационирање американски беспилотни летала на грчка територија, посебно на островот Крит, открива грчкиот весник „Вима“.

Според весникот, Вашингтон извршил притисок врз грчката Влада да одлучи дали ќе го прифати или не барањето за стационирање беспилотни летала. Првичната идеја била тие да бидат распоредени во рок од шест до дванаесет месеци.

Се планира беспилотните летала да бидат стационирани во воздухопловната база во реонот на Кастели.

Американската страна инсистирала договорот за авионите да се склучи до почетокот на јуни, но тоа се покажало како недостижен рок.

„Вима“ тврди дека американското барање е од 2013 година и дека било формулирано за време на грчко-американската средба на консултативниот комитет на највисоко ниво од минатата есен. Преговорите почнале во јануари годинава.

Барањето на САД за разместување беспилотни авиони не е посебен акт, туку е дел од една поширока стратегија, што суперсилата се обидува да ја спроведе во Медитеранот.

Таа е и во контекст на доктрината, што неодамна американскиот претседател Барак Обама ја претстави на воената акедемија Вест Поонт, а е во врска со начинот на кој во иднина ќе се промовира американската моќ. Акцентот во неа се става на избегнувањето копнени судири и на употребата на беспилотни летала и специјални единици на Пентагон и ЦИА.

Новата американска стратегија ќе се разгледува во контекст на кризите во северна Африка и на Блискиот Исток поради новата „децентрализирана форма“ на исламски тероризам во ерата по Ал Каеда, но, исто така, и во контекст на конфронтацијата со Русија околу Украина.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија