САД даваат поддршка за европскиот пат на Србија, беше заклучено по состанокот на премиерот на Србија, Ивица Дачиќ и амбасадорот на САД, Мајкл Кирби.
На состанокот е оценето дека дијалгот помеѓу Белград и Приштина и имплементацијата на бриселскиот договор е најдобро допринесување за стабилност во регионот и решавање на проблемите на КиМ.
Исто така е истакнато дека предстои период на интензивна економска соработка помеѓу Србија и САД, особено во областа на информатичко-комуникациската технологија, енергетиката, телекомуникациите и инфраструктурата.
Елена Георгиевска