Руско МНР: Одлуката за Аја Софија е внатрешна работа на Турција

Од:

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Вершинин, изјави дека одлуката за Аја Софија е внатрешна работа на Турција, и во тоа не треба да се меша ниту Русија, ниту пак некоја друга земја, јави агенцијата Анадолија.

Потсетувајќи дека прашањето за Аја Софија предизвика големи реакции во светот, Вершинин рече дека Русија „тргнува од тоа дека тоа е внатрешна работа на Турција“.

– Така што во тоа не треба да се мешаме ниту ние, ниту пак друга земја, изтакна тој и додаде дека Аја Софија е значајна во однос на глобалната култура и цивилизација.

Врховниот суд на Турција на 10 јули ја поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година, со која џамијата Аја Софија е претворена во музеј. Потоа, со одлука на турското Претседателство, Аја Софија беше префрлена под ингеренции на Управата за верски работи на Турција (Дијанет), потсетува Анадолија.

Би можело да ве интересира

Сирискиот град Скалбија гради симболична Аја Софија

А1он

Во Сирија ќе се гради православна црква, копија на Аја Софија

Жарко Настоски

Архиепископот г.г. Стефан испрати писмо на сострадалност и поткрепа до вселенскиот патријарх Вартоломеј

Ана Ололовска

Германија: Одлуката на Ердоган за Аја Софија нема да помогне во преговорите на Турција со ЕУ

Жарко Настоски

Реакции во Грција по молитвата во Аја Софија: Турција ја навредува културата на 21 век

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Драматични сцени пред Аја Софија: Верници го пробија кордонот, луѓе паѓаа во несвест

Ана Ололовска