Руски хакери нападнаа хрватски институции: „Одамна не сме ја посетиле Хрватска“

Од:

Руската хакерска група NoName057(16) ја презеде одговорноста на социјалната мрежа Телеграм за хакерските напади врз хрватските институции, кои се случија во средата.

Мета на хакерите беа Министерството за финансии, Даночната управа, ЦНБ и Загрепската берза, а во четвртокот беше нападнат и КБЦ Загреб, поради што инспекциите се вршеа побавно, пишува Јутарњи лист.

„Не сме ја посетиле Хрватска веќе некое време, па решивме да се „потсетиме““, напишаа хакерите NoName057(16) на Telegram, заедно со списокот на институциите што ги нападнаа.

На листата се Министерството за финансии, Даночната управа, Хрватската народна банка, порталот на Хрватската народна банка и Загрепската берза.

Пораката ја објавија на 26 јуни, кога се случи првиот хакерски напад, но бидејќи нападот на КБЦ Загреб се случи еден ден подоцна, на 27 јуни, се уште не се знае дали и овие хакери се одговорни за него.

Би можело да ве интересира

Романски хакери украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе во Европа

А1он

Укринформ: Украински сајбер експерти ги хакирале серверите на руската Дума и на Уставниот суд

Хакери ја нападнале фирмата „Пристаниште Риека“, украле голем број доверливи информации

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски