Руската православна црква изрази жалење за одлуката на турските власти за пренамена на Аја Софија

Од:

Руската православна црква денеска изрази жалење поради одлуката на турскиот Државен совет за пренамена на досегашниот музеј Аја Софија во џамија.

Во соопштение, Руската православна црква истакна дека таквата одлука може да доведе до уште поголеми поделби. Според неофицијални извори на кои се повикуваат турските медиуми, првата молитва во џамијата најверојатно ќе се одржи на 15 јули, денот кога во 2016 година беше спречен обид за државен удар во Турција.

Аја Софија, изградена од Византија во 6-от век, со векови била најголемата христијанска црква во светот, а во џамија била претворена по османлиското освојување на Константинопол, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект во музеј беше променет со указ во 1934 година од тогашниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк. Света Софија во 1985 година е прогласена за споменик на Светското културно наследство на УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски