Русија ја повика Црна Гора да распише референдум по прашањето за членство во НАТО

Од:

Црна Гора би требало да свика референдум по прашањето за приклучување кон НАТО, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа нагласи дека помалку од половина од населеноето на Црна Гора го поддржуваат влезот на земјата во Алијансата.

– Сметаме дека црногорскиот народ своето мислење за ова прашање треба да го изнесе на референдум, рече Захарова.

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави вчера дека одлуката за влез на Црна Гора во НАТО ќе биде донесена во Парламентот, а не на референдум.

Тој додаде дека црногорскиот Устав не предвидува свикување референдум за ова прашање и оти Парламентот е тој кој има мандат да донесе одлука.

На почетокот на декември членките на НАТО официјално ја поканија Црна Гора да се приклучи кон Алијансата.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

НАТО се обидува да го зголеми производството на оружје на своите членки

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Руте ги повикува членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски