Русија ги отфрла наводите за постоење заговор за убиство на Ѓукановиќ

Од:

Руската амбасада во Лондон ги отфрли наводите на британскиот весник „Дејли Tелеграф“ за вмешаност на Москва во обидот за рушење на уставниот поредок на Црна Гора и атентат врз поранешниот премиер и актуелен лидер на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ.

„Телеграф“ ги рециклира одамна отфрлените вести, со цел да ги зајакне тензиите со Русија. Како и секогаш, нема докази, туку тоа е чисто нагаѓање. Што ќе биде следната недела?, напиша Амбасадата на Русија во Лондон на Твитер.

Британскиот весник, повикувајќи се на извори од британската Влада, објави дека Русија планирала да го убие поранешниот премиер на Црна Гора, Ѓукановиќ и да ја собори неговата влада минатата година.

Во текстот се наведува дека организатори биле руски разузнавачи, кои имале поддршка од Москва за да го саботираат планот на Подгорица да влезе во НАТО.

Тие планирале заземање на зградата на Собранието и убиство на Ѓукановиќ. „Дејли телеграф“ наведува дека планот е спречен само неколку часа пред да биде спроведен и требало да предизвика крвопролевање и да ја воведе државата во немири пред нејзиното зачленуавње во НАТО.

– Обидот за државен удар во Црна Гора планиран за 16 октомври минатата година е пример на зголемена агресивна кампања за мешање во работите на Западот, изјавил изворот од британската Влада.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба