РСС: Речиси 14 отсто од вработените во Западен Балкан се во туризмот

Од:

Околу 14 отсто од вработените во земјите од Западен Балкан се во секторот туризам, а регионот минатата година го посетиле повеќе од 12 милиони туристи, изјави денеска функционер на Регионалниот совет за соработка на собирот на туристички агенции и тур оператори од регионот што се одржа во Белград.

Состанокот го организираше РСС во рамки на проектот за развој и промоција на туризмот што е финансиран од Европската унија, а конкретна тема беше планирање на најодржливите тури долж двете нови културолошки туристички рути на Западен Балкан.

Првата е наречена „Крстосница на цивилизациите“ и ги опфаќа локалитетите и местата на заедничко културно наследство од грчкиот, римскиот, византискиот, османлискиот и австро-унгарскиот период. Втората рута е наречена „Пат на монументалните споменици на Балканот“ и се потпира на футуристичката уметност и дизајн на спомениците посветени на Втората свестка војна во целиот регион. За секоја од овие рути од РСС во нивниот концепт се означени околу 40 дестинации.

– Освен телата што управуваат со локалитетите од културното наследство кои се јавни институции, сите други даватели на услуги доаѓаат од приватниот сектор, од кој опстојуваат 14 отсто од вработените на Западен Балкан, истакна Снежана Дервишкадиќ, лидер на проектниот тим за развој и промоција на туризмот при РСС.

Проектот со европски пари има крајна цел подготовка и меѓународна промоција на заедничка регионална понуда на културолошки и авантуристички туризам со цел зголемување на бројот на туристите и приходите во оваа стопанска гранка.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Повик за голем митинг во Република Српска, пресудата за Додик пат кон распад на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ со воз кон Сремска Митровица: Очекувам 120 илјади луѓе

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац