Романскиот премиер Виктор Понта се откажа од титулата „доктор“

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта се откажа од титулата „доктор“ повеќе од две години откако беше обвинет дека неговата докторска теза е плагијат.

Понта не призна директно дека позајмил значителен дел од докторската дисертација, која ја бранел во 2004 година, но денеска упати писмо до ректорот на универзитетот во Букурешт, во кое се наведува дека требало да се откаже од титулата многу порано, кога биле упатени првите обвиненија.

Во 2012 година Понта беше обвинет за плагијат на неговиот докторски труд за Меѓународниот кривичен суд. Понта го отфрли обвиненијата, оценувајќи го како политички мотивирани.

Романскиот премиер изјави дека по завршување на политичката кариера ќе брани нова докторска дисертација, што ќе биде во согласност со стандардите и барањата.

Би можело да ве интересира

Романија има нов кандидат за претседател

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски