Романскиот премиер Понта ќе се кандидира за претседател на државата

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта во интервју за весникот „Адеварул“ потврди дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември.

Лидерот на социјалдемократите, исто така, соопшти дека најтежок противник за него ќе беше поранешниот лидер на либералите, Крин Антонеску, чија кандидатура, меѓутоа, беше повлечена откако партијата го избра Клаус Јоханис за свој нов претседател и веднаш потоа и за претседателски кандидат.

Понта и Антонеску беа копретседатели на Социјално-либералната унија (УСЛ), коалиција меѓу Социјалдемократската (ПСД) и Национално-либералната партија (ПНЛ), која се распадна во февруари годинава, кога либералите ја напуштија Владата.

– Ми беше пријател и тешко ми е да се борам во луѓе со кои сме биле пријатели, изјави Понта за „Адеварул Лајв“.

Антонеску беше заедничкиот кандидат на УСЛ за претседателските избори, но по распадот на коалицијата, ПНЛ почна процес на спојување со другата голема десничарска партија – Демократско-либералната партија (ПДЛ), со која најавија дека ќе имаат заеднички претендент за претседателската функција.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Романија: Преживеани од пожарот во диското „Колектив“ нудат помош за настраданите во Кочани

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Романија има нов кандидат за претседател

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски