Романскиот министер за финансии под истрага за корупција

Од:

Романското Јавно обвинителство започна истрага против министерот за финансии на Романија, Дариус Валков, под сомнеж дека во времето кога бил градоначалник на Слатина и помогнал на една компнаија да добие тендер во замена за поткуп од околу два милиони евра.

Според Обвинителството, кривичното дело Валков го сторил во периодот меѓу 2010 и 2013 година, додека ја извршувал градоначалничката функција.

Обвинителството тврди дека Валков ја натерал тендерската комисија да ги промени правилата, со цел тендерот да го добие компанијата која му платила поткуп. Дел од митото Валков го примил лично на рака, а дел преку фирми-посредници.

Валков, кој во врска со овие обвинувања вчера бил сослушан од претставници на Националната дирекција за борба против корупцијата, изјави дека против него не е покренато никакво обвинение, но одби да даде повеќе детали за целиот случај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он