Романскиот министер го истакна исклучително одбранбениот карактер на системот за ПВО во земјата

Од:

Романскиот министер за надворешни работи Богдан Ауреску, кој денеска во Лондон учествува на конференција на тема одбрана против балистички ракети, го истакна исклучително одбранбениот карактер на системот за противракетна одбрана и неговата употреба во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право со цел легитимна одбрана.

Ауреску истакна дека секоја закана со употреба на сила во контекст на развојот на овој строго дефанзивен проект е неприфатлива, бидејќи е во спротивност на меѓународното право, со кое се забранува употреба на сила или закана со сила.

– Распоредувањето на системот за ПВО во Романија носи дополнителна стабилност, ги зајакнува трансатлантските односи, создава можности за соработка со трети земји и придонесува кон стремежот за обезбедување на мир во Европа, истакна романскиот министер.

Според Ауреску неопходно е НАТО да продолжи со инвестирање во своите одбранбени капацитети, за да може да се спротивстави успешно на се поразновидните провокации по безбедноста. Според него романско-американскиот стратешки проект за распоредување на воената база Девеселу на противракетен штит ја одразува јасно посветеноста на САД кон европската безбедност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он