Романската полиција заплени 14 милиони евра фалсификувани банкноти

Од:

Романската полиција заплени денеска 14 милиони евра фалсификувани банкноти, како и машина за печатење на лажните пари, и уапси тројца осомничени.

Осомничените се Италијанци од Неапол. Тие биле уапсени во Орадја, Северна Романија, со лажни банкноти од 50 и сто евра со вкупна вредност од 11,6 милиони евра.

Полицијата го открила останатиот дел од лажните пари во отпад. Романската полиција соопшти дека ја остварила операцијата изминатата ноќ во соработка со италијанските колеги, кои уапсиле дел од фалсификаторите, два дена порано.

Италијанските полицајци заплениле лажни банкноти со вкупна вредност од 19 милиони евра и привеле три лица.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година