Романија: Убивањето улични кучиња е согласно законот

Од:

Романскиот уставен суд ја потврди уставноста на законот за кучињата без сопственик, што наспроти протестите на активистите за заштита на животните, им овозможува на властите да ги „успијат“ уличните кучиња за кои по 14 дена нема да се јави сопственикот.

Законот е донесен како одговор на јавноста по смртоносниот напад на група улични кучиња врз четиригодишно дете во Букурешт.

Иако 30 пратеници поднесоа жалба на новиот закон, сметајќи дека е многу „помалку трауматично“ да се врши стерилизација на кучињата без сопственик отколку да се убиваат, Уставниот суд одлучи дека законот е во согласност со највисоките законски акти.

Властите оценуваат дека во главниот град на Романија има меѓу 40 и 60 илјади напуштени кучиња.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“