Романија може да стане клучна точка која ги поврзува енергетските пазари

Од:

Романија може да се претвори во клучна точка, која ги поврзува енергетските пазари од Црно Море до Централна и Источна Европа, ако ја модернизира внатрешната инфраструктура во таа област, изјави американскиот потпретседател Џо Бајден во владината палата, каде разговараше со романскиот премиер Виктор Понта.

– Националната безбедност и енергетската сигурност се нераздвојни во тој дел на светот, а европскиот енергетски пазар треба да биде сигурен, разнообразен, рече Бајден.

Тој истакна дека САД се подготвени да и помогнат на Романија да ги развие нафтоводите за транспорт на нафтени производи.

Бајден истакна и дека Романија може да привлече странски инвестиции и да создава нови работни места преку зацврстување на правната држава.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Романија: Преживеани од пожарот во диското „Колектив“ нудат помош за настраданите во Кочани

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Романија има нов кандидат за претседател

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски