„Романија либера“: Околу 3,5 милиони Романци ја напуштија земјата, а останатите се подготвуваат да заминат

Од:

Романија се соочува со најголемата криза на работна сила од 1990 година, а експертите тврдат дека тој дефицит е пострашен од финансиската криза во земјата, пишува денеска романскиот весник „Романија либера“.

Официјалните податоци покажуваат дека 3,5 милиони Романци заминале во странство со цел да го подобрат нивниот живот.

Голем број од работодавците кои во изминатите десет години им даваа на вработените најниски плати, сега се подготвени да платат многу повеќе, но немаат на кого, коментира весникот.

Експертите тврдат дека сегашната криза за работна сила е само почеток, а заминувањето на Романците во странство продолжува со алармантна брзина.

Истовремено, податоците покажуваат дека Романците кои работат во странство, испратиле во Романија околу 55 милијарди евра во текот на изминатата деценија.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Романија: Преживеани од пожарот во диското „Колектив“ нудат помош за настраданите во Кочани

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Романија има нов кандидат за претседател

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски